За нас

ПочетнаЗа нас

Video poster

Кои сме ние?

Одличната технологија е секогаш
заснована врз совршени врски.

Овозможуваме висок квалитет на производи ,услуги, флексибилни договори и технички консултации
Inter Glass

Историја на динамично и прогресивно размислување

„Интер Глас“ ДОО е фирма која постои на македонскиот пазар повеќе од 10 години и се занимава со активности од областа на стакларството. Долгогодишната доверба на своите клиенти ја оправдува од самиот почеток се до денес. Визијата за нашето постоење е да се биде модерна,
компетентна и ефикасна фирма која ќе може во чекор да го прати градежништвото преку нејзино проактивно дејствување барем на домашниот пазар, како би можела да ги следи светските трендови во својата дејност. Врз основа на долготрајна анализа и искуства зацртана е нашата мисија која подразбира изработка на висококвалитетни производи и услуги со високи перформанси како би можело во чекор да се следи градежништвото со нашите стандардни производи и со изведување на стаклени фасади, но и со ексклузивни производи за потрошувачите со посебни барања. Со примената на софистицирана
технологија за изработка на споменатите производи и услуги, покрај подигнувањето на сопствениот углед ќе постигнеме посебно место во пазарниот натпревар со конкуренцијата, а воедно и многу повисока профитабилност со што ќе се овозможи повисок стандард на вработените
и добри економски резултати кои ќе бидат основа за натамошен развој.
Како примарен сегмент во нашето работење е трговијата на големо со сите видови на стакла и огледала. Исто така, изработуваме термоизолациони стакла во два и три слоја со највисок квалитет но и со зголемени сигурносни и термоизолациони карактеристики во комбинација со ламинирано, калено, рефлексно стакло како и ниско емисионо стакло. Горди сме на високиот степен на обученост на кадрите кои се спремни за постојано усвојување на нови технологии и знаења. Нареден сегмент во нашето работење е обработка на стакла со различни дебелини за ентериерна употреба со што се збогатува визуелниот ефект на секој дом, ресторан, хотел…Имаме можност да извршиме фина обработка на ивиците на стаклените површини како и оборување на
горниот слој на стаклата и огледалата (фазетирање) за да се задоволи вкусот и на најпребирливите.